По повод традиционалната културна манифестација „  Вечер на Чинго“ , Општина Охрид го распиша  годинешниот конкурс за најдобар расказ.

Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, а жири комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август. Наградата на добитникот ќе му биде врачена  на 13 август на традиционалната манифестација „  Вечер на Чинго“ .

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари.

OhridNews