По повод денот на екологијата 5 јуни, Женскиот центар Бисера распишува награден конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина. Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните на град Охрид да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона.

Конкурсот ќе трае од 24 мај до 2 јуни. Заинтересираните своето учество може да го пријават на телефонот 264- 469 од 10 до 13 часот секој ден од понеделник до петок, или во канцеларијата на ЖЦ Бисера на улицата Димитар Влахов.

OhridNews