
На конкурсот може да учествуваат ученици од средните училишта во градов. Тие своите поетски творби во три примероци, под шифра, треба да ги испратат на адреса на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ул: Македонски просветители бр.2, најдоцна до 29 мај. Посебно жири ќе ги разгледа пристигнатите творби и ќе додели три награди. Претходно резултатите ќе бидат објавени преку локалните медиуми.
Доделувањето на наградите и презентирањето на најдобрите ќе се случи на 6-ти јуни кога ќе бидат презентирани сите активности кои се дел од проектот „Прличевата 1762-ро лето – симбол на непокорот на Македонецот“.
Утре, со почеток во 12 часот, во просториите на охридската библиотека ќе бидат доделени дипломи и награди за учениците кои ги освоија првите три места на конкурсот за најдобар детски цртеж, според раскази на македонски односно руски писатели. Сите учесници на овој конкурс ќе добијат пофалници.











