Изборот на добитниците на Свети Климентовата награда за 2010 година е скандалозен смета Советот на Месната заедница од с. Куратица и здружението Св. Василиј, кое исто така учествувало на Конкурсот. Оттаму велат дека со одлуката за доделување награда на лице осомничено за незаконски дела , Охрид испраќа лоша порака. Додаваат дека единствен начин да се симне срамот од градот, е да се поништи целата процедура, а тие што ја донеле одлуката да сносат одговорност.Според нив политиката е длабоко навлезена во луѓето, но не смее да се дозволи таа да го валка името на Св. Климент.












