Со избор на координатори и одговорни лица, на состанокот што се одржа денеска беше конституиран Локалниот комитет за изработка на Локалниот Акционен Еколошки План – ЛЕАП, кој беше формиран со одлука на Советот на општината на 17-та седница.


– Задача на Локалниот комитет за изработка на ЛЕАП е да ги одреди локалните еколошки приоритети и решенија; да побара од локалното население став по однос на приоритетите и решенијата; да ги подучи граѓаните за проблемите кои и’ се закануваат на заедницата и активно да ги вклучи членовите на заедницата во создавање на нејзина подобра иднина, информираат од локалната самоуправа.


Локалниот комитет за изработка на го сочинуваат 19 членови кои се претставници на: локалната власт, граѓани, невладини организации, стопанство, култура, образование, здравство, угостителство, јавните претпријатија и  стручната јавност. Координатор на Локалниот комитет е Хавза Реџеп Каќел од Одделението за урбанизам и животна средина на Локалната самоуправа, за заменик-координатор  назначен е Јасминка Трајковска Момироска од истото одделение, а за лице задолжено за односи со јавноста- Никола Маневски.


На денешниот состанок утврден е  Деловник за работа, како и работните групи и нивните координатори кои ќе работат во различни области: биодиверзитетот,  воздухот, управувањето со водите, управување со отпадот, урбанизмот, културното наслидство и туризмот, и, искористување на земјиштето.


На состанокот, на членовите на Комитетот им се обрати претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, кој им ја изрази својата поддршка, но и очекувања, за целосен ангажман и квалитетен придонес во изработката на ЛЕАП-от кој ке биде од особено значење за целата локална заедница.

OhridNews