Денеска ќе се одржи конститутивната седница на  парламентот, со што и официјално ќе започне со работа новиот собраниски состав избран на неодамна одржаните предвремени парламентарни избори.

Како што е најавено, седницата ќе се одржи под строги мерки за заштита од Ковид 19 во големата собраниска сала која озвозможува соодветно растојание помеѓу пратениците.

На седницата ќе биде ограничено и присуството на медиумските работници.

Со седницата ќе раководи спикерот во заминување Талат Џафери, кој изминатите денови ги мина во болница откако му беше дијагностициран корона вирус.

Во новиот парламент кој брои 120 пратеници, најмногу претставници ќе има коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ – 46, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ – 44, ДУИ има 15, Алетрантива и Аијанса за Албанците – 12, Левица – 2 и ДПА 1 пратеник.

Г.М.