Со конститутивна седница, денеска, официјално со работа ќе започне деветтиот собраниски состав на Република Македонија, во кој има четворица пратеници од Охрид, Д-р Љубен Арнаудов и Д-р Сашо Василески од ВМРО ДПМНЕ и Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска од СДСМ.

Вчера се одржа кооординација на пратеничките групи на која беа изнесени различни гледишта за тоа кој треба да ја води конститутивната седница. С Според СДСМ тоа треба да биде најстариот пратеник, додека според кабинетот на претседателот на минатиот состав на собранието, со измените во законот од 2013 година тоа право му се препиушта на претседателот на собранието во заминување Трајко Вељаноски.

OhridNews