Челси како гостин славеше против Манчестер Сити со 3-1 во дербито од Англиската премиерлига. „Сините“ до триумфот во стигнаа откако по првиот дел имаа негатива од 1-0. Пресвртот го најави Диего Коста, а го реализираа Вилијан и Хазард. Фудбалерите на Сити го изгубија умот во последните моменти на мечот и црвени картони заработија Агуеро и Фернадињо.
Diego Costa Goal – Manchester City 1-1 Chelsea… von denysenathan
Willian Goal HD Manchester City 1 2 Chelsea 03… von denysenathan
Sergio Agüero Horror Foul RED CARD HD… von denysenathan
За тимот на Гвардиола ова е втор пораз сезонава, прв на домашен терен. Антонио Конте ја забележа осмата победа во низа, и е на една од израмнување на клупскиот рекорд кој го постави Мурињо во 2007 година победувајќи девет пати во серија. Победата ги испрати “сините“ на плус 4 од Ливерпул.
OhridNews