Тренерот на италијанскиот првак Антонио Конте се победа против Палермо 1-0 се врати на клупата на Јувентус по четиримесечната суспензија. Конте беше суспендиран од страна на италијанската федерација откако приприкривал докази околу скандалите со наместени натпревари.

Многу ме болеше тоа што неможев да го водам Јувентус од клупата иако цела недела трениравме заедно. Ми недостигаа моменти кои се поврзани со натпреварите, но се надевам дека фудбалерите станаа појаки и сега ќе уживаме заедно – истакна тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Поранешниот репрезентативец на Италија, Конте не заборави да им се оддолжи на своите асистенти кои успешно го предводеа Јувентус во времето кога беше суспендиран.

Мх.П.