Англискиот првак, Челси има две победи после исто толку одиграни мечеви во фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Сините“ во втората рунда со 2-1 во дербито од Ц групата го совладаа Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ стадионот.
Домашните фудбалери имаа предност после првите 45 минути, но „сините“ во вторите успеаја да го свртат резултатот во своја полза и во Лондон да си заминат со трите бодови.
– Игравме многу добро и задоволен сум од играчите. Кога против Атлетико и ќе губите 1-0 многу е тешко да се вратите, но ние успеавме да се вратиме и да победиме, мислам заслужено. Хазард во голем стил се врати од повредата и покажа дека со Мората се брилијантен напаѓачки пар. Исто така морам да ги пофалам Вилијан и Бачуаији кој беше на право место во вистинско време. – изјави тренерот на Челси, Антонио Конте.
Раните од овој пораз Атлетико Мадрид ќе лечи против Карабах, додека Челси ќе се сретне со Рома која со 4 бодови се наоѓа на втората позиција на табелата.
OhridNews