Со започнувањето на грејната сезона почнаа и проблемите со запалување на контејнерите. Некои граѓани сеуште имаат навика недогорениот отпад од печките на дрва да го фрлаат во нив, па така утрово жителите на бул. „Туристичка“ се „разбудија“ со грда глетка и непријатна миризба која се ширеше од запален контејнер. Иако според  Законoт за јавна чистота за ваков прекршок е предвиена казна од речиси 10.000 денари, очигледно е дека старите навики тешко се менуваат.


OhridNews