Во врска со инцидентот од полицијата присигнуваа контрадикторни информации , а најпрвин беше соопштено дека тој се случил поради фудбалскиот натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони помеѓу Шкендија и Партизан, во кој славеше белградската екипа.
СВР Охрид најпрвин соопшти дека на посочената локација немало физичка пресметка, туку обична расправија, но по извршениот информативен разговор со учесниците во инцидентот, било утврдено дека имало напад врз туристи од Србија и еден гостин од Скопје. Според првичните информации од истрагата до инцидентот дошло поради фрлање на предмет, најверојатно шише од такси возило со кое се превезувале туристите од Србија, а кое наводно оштетило едно од двете возила со кое се превезувала другата група. Во тој момент тие го попречиле патот на такси возилото и ги нападнале патниците кои биле во него.
Во јавноста од институциите беа пласирани повеќе различни верзии за настанот кој за кратко време по објавувањето стана топ тема во македонските и српските медиуми и кој сериозно може да и наштети на туристичката сезона во Охрид.