
За таа цел, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Секторот за внатрешни работи Охрид ќе реализира различни активности од едукативен и превентивен карактер со цел подигнување на јавната свест, насочени пред се кај возачите на моторни возила за поголема внимателност кон пешаците како ранлива категорија учесници во сообраќајот. – информира Стефан Димовски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Охрид.
Целта на кампањата е и да се влијае кон поголема внимателност, одговорност и на степенот на сообраќајната култура кај пешаците и нивно подоследно почитување на сообраќајните правила за безбедно учество во сообраќајот но и севкупно подобрување на сообраќајната безбедност во градот.
Предвидените активности ќе започнат на 07.12.2018 година во 11 часот со поставување контролен сообраќаен пункт на пофрекфентните сообраќајници во Охрид и делење на едукативен материјал од полициските службеници и претставници на советот за безбедност во сообраќајот.
OhridNews












