Консултантот во Ред Бул Хелмут Марко, имаше контроверзен предлог до неговиот тркачки тим. 76-годишниот Австриец излегол со идеја, пилотите намерно да се заразат со коронавирусот за да се стекнат со имунитет.

Имаме четворица пилоти во Формула 1, имаме осум или десет млади пилоти, а идејата беше да организираме камп каде би можеле ментално, физички да го премостиме ова мртво време. – рече Марко при гостувањето на австриската телевизија „ОРФ 1 – Спорт во недела“

Пилотите, се млади силни и здрави мажи и би можеле да се изборат со вируост, би биле имуни и подоцна кога и да се започне Светскиот куп би биле на се подготвени. На прашањето како е примена идејата, Марко со насмевка одговори: Не беше примено позитивно.

По откажувањето на првите осум Гран-при трки на оваа Формула 1 сезонава, Марко смета дека не е исклучено продолжување на сезоната до јануари. Контраверзната идеја на Марко потсетува на таканаречените „корона забави“. На почетокот на ширењето, луѓето се согласија да се заразат за да се постигне имунитет. Виролозите и другите експерти силно предупредуваа против ваквите планови. Во меѓувреме, станува се повеќе јасно дека дури и младите и здрави луѓе без претходни заболувања не се имуни на белодробните заболувања. Затоа, намерната инфекција е исклучително опасна и невнимателна во однос на ширењето на вирусот.

OhridNews