Контроверзи во случајот со починатиот италијански фудбалер
16.04.12 12:06
Од канцеларијата на државниот обвинител во Пескара, потврдија во неделата дека покренале истражна постапка за задоцнувањето на возилото на Брза помош на стадионот во Пескара, каде Пјермарио Моросини кому му беше загрозен животот чекаше итен транспорт до болница.
Несреќниот 25-годишен Пјермарио Моросини почина на патот кон болницата, Сведоците тврдат дека ниеднаш не дошол при свест откако колабирал на теренот во 31 минута од мечот што домашната Пескара и неговиот Ливорно го играа во рамките на италијанската Серија Б. Моросини, инаку, е играч на прволигашот Удинезе, кој е позајмен во Ливорно.
Обвинителството сака да провери зошто полициската патрола на влезот од стадионот со своето возило подолго време му попречувала на амбулантното возило да влезе на стадионот и да му се укаже помош на несреќниот фудбалер. Се верува дека доколку Моросини побрзо бил префрлен во болница, би имало повеќе шанси да биде спасен неговиот живот.
Смртта на фудбалерот е официјално прогласена во 16.56 часот по локално време, веднаш по приемот во болницата. Моросини паднал на тревникот речиси половина час претходно, откако трипати потклекнувал и трипати во агонија се обидувал да се подигне.
Официјално причината за неговата смрт како што констатирал дежурниот лекар во болницата, е застој на срцето. И покрај тоа, во неделата се појавија и теории за други причини за смртта на Моросини. Италијанските медиуми пишуваат дека можно е да станува збор за анеуризма, отечен или распрснат крвен сад, најчесто во мозокот. Претходно Моросини во текот на мечот непосредно пред да почне да се движи несигурно се судрил со главата со домашниот фудбалер Емануел Каскионе.
„Како иницијална причина за смртта е ставен застој на работата на срцето, но не е невозможно до несреќата да дошло поради друг вид траума, како на пример невролошка. Сѐ ќе биде појасно по обдукцијата во понеделник“, изјави др Палоскиа од локалната болница во Пескара.
Во меѓувреме многу фудбалски функционери во Италија предупредуваат на премалиот број медицински тестирања на играчите, иако надлежните органи од Италијанска фудбалска асоцијација (ФИЦГ) докажуваат дека таквата процедура е регулирана со закони и се почитува.
Поделени се, исто така, и мислењата дали поради смртта на Моросини требаше да се откаже целата програма во Серија А викендов. Повеќето сметаат дека одлуката на ФИГЦ е исправна. Многу се ретки луѓето како претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, коишто сметаат дека натпреварите требаа да се играат.
Смртта на Моросини е само ставање точка од страна на судбината на неговата лична трагедија што го следела целиот живот. Имено фудбалерот останал без двата родитела пред да наполни 18 години, а неговиот брат инвалид набрзо по несреќата извршил самоубиство.
Потоа Пјермарио останал само со постарата сестра, исто така телесно хендикепирана, за којашто тој се грижел цело време низ неговата професионална кариера. А неговиот матичен клуб Удинезе во неделата соопшти дека ќе се грижат и натаму за сестрата на фудбалерот. Најдобриот играч на клубот од Фриули, Антонио Динатале по тој повод изјави – „…беше извонредно момче, преполн со живот. И покрај трагедиите коишто му го раскинуваа животот, секогаш беше на располагање на екипата давајќи сѐ од себе.
Во бразилската пресметка на Светскот клупско првенство што се игра во САД, Палмеирас со 1:0 го совлада Ботафого, а Челзи во луд меч што траеше 5 часа ја елиминира Бенфика за која последен пат наста...
Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид, информираат од клубот Десното крило (30 год, 191 цм) стави потпис со „Гладијаторите” на миниум 2 години! Ѓукиќ има одлич...
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, општината нарача изработка на техничка документација, Основен проект за реконструкција на отвореното спортско игра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.