“Тофиг Бахрамов“ е името на стадионот на најконтроверзната фудбалска личност во азербејџанскиот фудбал, а токму на тој објект Металург денес ќе го има европското крштевање против тимот на Карабах.
Тимот на Карабах е од градот Агдам, во централниот дел на Азербејџан, но европските натпревари ги игра на стадионот „Тофиг Бахрамов“ во престолнината Баку. Националниот стадион на Азербејџан го добил името по светски познатиот фудбалски судија Бахрамов, кој е единствениот фудбалски судија кој има свој споменик.
Харст позира пред споменикот на Бахрамов
Бахрамов е познат поради досега најспорниот момент од фудбалската историја – голот на Англичанецот Џеф Харст во финалето од СП 1966 година, кога Англија ја совлада Германија со 4-2. Помошниот судија кој го призна голот со кој Англија ја освои единствената светска титула досега беше Азербејџанецот (тогаш Русин), Тофиг Бахрамов.
При резултат 2-2, во 11. минута од продолжението, по ударот на Харст топката отскокна од пречката во поле, а Бахрамов му сугерираше на главниот судија Готфрид Динст од Швајцарија да покаже на центар, овозможувајќи им на Англичаните тогаш водство од 3-2, што се покажа клучно за победата од 4-2. По ова, тој стана херој на Англија, но најомразена личност кај Германците. Да биде трагедијата уште поголема, стадионот кој денес го носи неговото име, го градеше германска фирма.
Во 2006 година кога Англија играше против Азербејџан, на церемонијата пред мечот одржана во негова чест, беа присутни Џеф Харст, Мишел Платини и Сеп Блатер. На церемонијата на стадионот неговиот син Бахрам Бахрамов изјави дека луѓе како неговиот татко се раѓале еднаш на сто години.
Неодамна беше откриено дека дури на смртната постела Бахрамов запрашан зошто го признал голот на Англија – изговорил „Сталинград“, алудирајќи на опсадата на Германците на тој руски град во текот на Втората светска војна.
ГРК Охрид и Борис Ројевиќ ја продолжуваат успешната приказна Клубот го продолжи договорот со српскиот стратег за уште една година, со што Ројевиќ ќе остане на клупата на „гладијаторите“ до 2029 год...
Почетокот на сезоната во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнуваат со натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6-ти септември Сакаме да победиме на домашен терен Натпреварот е многу...
Охрид домаќин на јубилејните 30 Републички спортски игри за пензионери, кои и годинава ги обединуваат спортот, дружењето и позитивната енергија Спортските игри се во организација на Сојузот на здру...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.