Овој петок, охриѓанецот Владимир Четкар ќе настапи во скопскиот ноќен клуб „Миднајт“.

Тој ќе биде придружуван од Оли Јосифовски на бас, Гоце Стевковски на тапани, Сенад Усеинов на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон и Филип Стевановски на тромбон.

Набрзо по овој настап, Четкар заминува за Њујорк од каде низ САД ќе започне концертната промоција на најновиот албум насловен како „Heavenlу“.

OhridNews