Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца. Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.

Настанот ќе се одржи на 9- ти ноември, понеделник, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

OhridNews