Во организација на Здружението на музичари „ Љубители на класична музика“- Скопје, во сабота, 3-ти март, во Охрид ќе се одржи концерт дуо хармоники на кој ќе настапат Зорица Каракутовска, Филип Стамевски и Бојан Волчевски.

Присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбата на дела од познати композитори: Бах, Вивалди, Рахмањинов, Шуман Пјацола, Дербенко.

Концертот ќе започне во 19 часот, во концертната сала при ОМУ „Методи Патче“.

OhridNews