Хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“ утре, 22 мај во 19 часот во малата сала, организира концерт, на кој како гостинка ќе настапи вокалниот интерпретатор од Поградец, Албанија, Луиза Марарустеми.

На програмата ќе се најдат следните дела:
• Ирско збогување – аранжман Маркус Пири
• Месец мај – Клемен Жанекен
• Тебе поем – Стеван Мокранјац
• Кумановка бр 1- Трајко Прокопиев
• Ајде слушај Анѓо – Стеван Гајдов
• Ода на радоста – Лудвиг Ван Бетовен
• Три народни песни од Охрид

На концертот ќе настапи и Гимназискит хор кој ќе ги изведе делата: Во неговата љубов – Марк Патерсон и Ракатка од песни на Тоше Проески во аранжнам на Дамјан Темков.

Влез слободен.

OhridNews