Струшкото музичко студио „Соната“, вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржи концерт по соло пеење.

Љубителите на музичката уметност, ќе може да уживаат во богатата и разновидна програма, во пијано придружба на Благовесна Булоска.

Концертот ќе започне во 21 часот, цената на билетот чини 60 денари.

OhridNews