Денес, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот, ќе настапи Филхармонијата „Феликс Нововејски“ од градот Олштин во Полска.
Настапот на овој оркестар во Охрид е во организација на Македонската Филхармонија и Центарот за култура „Григор Прличев“, а е резултат на културната соработка помеѓу Македонија и Република Полска.












