На 11- ти јули, со почеток во 21 часот, во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи концерт на учесниците на семинарот по соло пеење, што од 4-ти до 11- ти јули се оддржува во организација на музичкото студио „СОНАТА“, а под раководство на проф. Марија Муратовска – Наумовска.

На концертот ќе бидат изведени познати арии од Моцарт, Понкиели, Пучини, Офенбах, Качини, Маскањи и Верди, во пијано придружба на пијанистката Благовесна Булоска.

OhridNews