“Сите за Дејан” е насловен хуманитарниот концерт кој ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Концертот е дел од хуманитарната акција, како одговор на апелот на родителите на седум и пол годишниот Дејан Анѓелески.
Концертот го организираат младите музички и естрадни таленти од Охрид, а средствата што ќе се соберат од продажбата на влезниците, ќе бидат донирани за купување на нужните лекарства за малиот Дејан, кој боледува од ретко генетско заболување.












