Здравко Чолиќ, најголемата ѕвезда на Балканските простори вечерва одржа незаборавен концерт во Охрид. Пред неколкуилјадната публика на стадионот „Билјанини извори“ три часа популарниот Чола ги пееше своите најголеми хитови.

Здравко Чолиќ на сцената го донесе својот извонреден вокал, шарм, харизма и неверојатна енергија. Целата публика на возраст од седум до седумдесет и седум со него заедно ги испеа: „Пусти, пусти моду“, „Окано“„Кристина“, Звао сам је Емили“, „Подлугови“, „Ти си ми у крви“ и многу други.


Многумина се потсетија на младоста, на убавите моменти доживеани со неговите песни, на едно друго време и изминати години кои кај Чолиќ како да не оставиле никаква трага.Тој е истиот Здравко Чолиќ како од пред четириесетина години на почетоците на кариерата, со истата насмевка, младешки дух и препознатливо движење на сцената. Една вечер со неговата музика Ви ги брише сите тешки моменти, сите лоши спомени, ве исполнува со љубов и ви дава искра за да продолжите понатаму…


Извонреден настап на Здравко Чолиќ во Охрид

OhridNews