
Средствата се собраа од продадените 40. 000 карти како и од донаторските линии на Македонски телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП преку бројот 143 -100.
Во фондацијата „Тоше Проески “ ќе биде формирана посебна комисија која во соработка со Министерството за култура ќе одлучи каде ќе се наменат овие средства.
Концертот во чест Тоше Проески го организира Фондацијата што го носи неговото име, под покровителство на Владата и на Министерството за култура.
Ohridnews












