Идниот концесионер на Охридското Езеро ќе го одредува Министсртсвото за животна средина, кое со одлука на владата неодмана го презеде управувањето со водите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

“Една од препораките беше управувањето со водите да биде работа на едно министерство. Ќе има еден грејс период од 2 години во кој што ќе треба да се направи институционална потавеност и конечно водите од аспект на заштита и управување да дојдат во животна средина’, рече Паноски.
Инаку во моментов Охридското Езеро нема концесионер и е без физичка заштита. Таквата состојба ја користат риобокрадците кои продолжуваат со уништување на пастрмката, која и покррај забраната за лов слободно се нуди и продава во рестораните. Владата неодамна го поништи тендерот за давање на Охридското Езеро под концесија, и одлучи идниот стопан да се избира дури откако ќе се донесе новиот Закон за рибарство кој е во процедура.
Г. Момироски











