Концесионерите кои до сега стопанисуваа со плажите на Охридското крајбрежје, од потегот на Горица до Пештани, бараат да им се продолжат договорите за закуп, затоа што со досегашното стопанисување, не успеле да ги повратат парите, кои ги вложиле за уредување на плажите. Тие побараа итна средба со Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, на која ќе му ги образложат своите проблеми.

Старите закупци објаснуваат дека кога за прв пат ги зеле под закуп, плажите биле потполно неуредени и дека морале да вложат голем труд и средства за да ги донесат во оваа состојба која што се денес.
Сето тоа беше изградено и уредно врз база на предлог на Министерството за транспорт и врски  и по нашите дадени проекти. Покрај договорот дека ќе ни биде обезбедена струја и вода, ние  вложивме големи напори и средства за таа намана. Секој сопствник на  плажа која беше земена под концесија има вложено по најмалку 100000 евра за да ја уреди истата. Правени се платформи, туш-кабини, тоалети, опрема, објекти,  ангажирани се спасители и слични други работи, вели  Перко Петрески, концесионер на плажа број 9 во Лагадин.
Тој објаснува дека моментално се жалат на повисоката цена за закуп и зголемената квадаратура  на плажите.
-Покрај ова ни се бараат банкарски гаранции од 1 милион денари, а за да извадиме една таква гаранција треба да им дадеме на банките од 6-7 илјади евра камата и друга работа е што сме оставени во неизвесност, затоа што имаме често контроли  и една мала грешка да има на некој плажа, банкарска гаранција ќе биде активирана, нагалсува Перкоски.

Виолета Јанеска, која исто така има закупено плажа на Охридкото крајбрежје вели дека бараат да се најде некоја заедничка релација во рамките на законска форма која би била применлива. 
-Нашите очекувања беа дека инвестицијата ќе си вратиме назад, но нас до сега не ни се има исплатено сето она што го вложивме. Но очигледно е дека и останатите концесионери кои располагале со плажите од Метропол па натаму, се во истата состојба. Причината за малиот приход од овие плажи е краткиот период на работа, кое е интензивен само во шпицот на сезоната, вели Јанеска.

Охридките концесионерите се жалат и на тоа што различно се третирани од закупците во Струга и во Дојран.
– Значи ние тука сами се  вложивме, за разлика од  Дојран, каде државата ги спрема и ги дава на под закуп плажите. Па затоа сметам дека е многу глупо  и дискутабилно прашањето, дали некој друг ќе ја земе плажата под концесија од оној што ја уредувал.  Јас би сакал да напоменам дека кога се даваа плажите, ниту една плажа немаше инфраструктура. Каде се парите кои ни ветија дека ќе ни ги вратат за инфраструктурата за вода и струја која ја донесовме, вели Илија Џепароски, концесионер на плажата Корали.
Концесионерите бараат договорите за закуп да им се продолжат под услови како и претходно, a доколку тоа не се случи тие сериозно ќе размислат дали ќе учествуваат на јавното наддавање што треба да се одржи на 18-ти април.
Инаку на прес конференцијата деновиве во Скопје, Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека сите правни и физички лица, согласно објавата и законските прописи, имаат можност да се јават на повикот за давање под закуп на 15 плажи на охридското крајбрежје, чии договори истекоа на 30-ти септември.
– Доколку некоја плажа не успееме да ја дадеме под закуп, тогаш ниту едно правно или физичко лице нема да има право да оперира со таа плажа, односно ќе биде слободна за користење на сите граѓани на Република Македонија и странски туристи, рече Јанакиески.
Почетната цена на јавното наддавање е 80 денари за метар квадратен,  заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 12 април. Доколку за некоја од плажите нема интерес, тогаш повторно ќе биде објавен повик се додека истата не биде издадена под закуп.
Елена Михајловска