Општина Струга ги задолжи сопствениците на плажите на кои им е истечена концесијата во рок од една недела да ги остранат изградените објекти на крајбрежјето, во спротивно тоа ќе го направи општината, а трошоците ќе ги сносат тие.

За ова општината деновиве писмено ги исвестила концесионерите на струшките плажи, кои сметаат дека  одлуката не е во интерес на туризмот. Велат дека тие вложиле сериозни средства во уредување на плажите, поради што бараат да им биде продолжена концесијата за уште три години.

Општината најави дека  нема намера да ги продолжи истечените договори за плажите и бара тие да се вратат во првобитната состојба, односно да бидат слободни за користење за сите граѓани.

Ова е втор обид на локалната самоуправа да ги отстрани изградените објекти на струшките плажи. Претходно судот на барање на концесионерите донесе времена мерка за стопирање на извршувањето. Дознаваме дека концесионерите судски ќе ја оспорат и оваа одлука на општината која постави рок од една недела за расчистување на плажите на кои им е истечена концесијата.

Г.М.