Четири компании од Франција, Италија, Чешка и Грција конкурираат на меѓународниот тендер за изградба и издавање под концесија на автопатската мрежа во Македонија. Министертвото за транспорт и врски информираше дека на 16-ти октомври ќе се знае која од пријавените компании ги исполнува условите од тендерот. Таа ќе треба да достави финансиска гаранција за реализација на проектот кој се проценува на една милијарда евра.

Според најавите концесионерот во наредните 8 години ќе треба да изгради 380 километри автопат, од што дел отпаѓа на делниците Ќафасан – Охрид –Гостивар и Битола – Охрид. Инвеститорот ќе ги добие под концесија новите и постојните автопати на 35 години, а државата ќе го субвенционира со 200 милиони евра

OhridNews