Новиот концесионер на аеродромот „Св Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде познат во август, изјави во Охрид министерката за економија, Вера Рафајловска. „При крај е тендерот за издавање на охридскиот и скопскиот аеродром под концесија, како и тој за изградба на карго аеродром во Штип и верувам дека целата постапка ќе биде готова до август“ рече Рафајловска.На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид согласно условите од тендерот, предвидено е реконструирање на паркингот, реновирање на карго центарот, изградба на ВИП објект и пречистителна станица, реконструкција на постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и противпожарни возила и на нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди.
Идниот концесионер ќе стопанисува со охридскиот аеродром во наредните 20 години.












