Концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, на православните верници им го честита празникот Св. Никола, со желби за здравје, духовен мир и среќа.

Кон Св. Никола во Охрид постои голем култ, а рибата е незаменлив дел од празничната трпеза на охриѓани. По повод православните слави и празници, концесионерот ја намали цената на белвицата на 250 денари за килограм.

-На овој начин сакавме да им излеземе во пресрет на граѓаните, да им овозможиме по пригодни цени да набават свежа риба од Охридското Езеро и да ја збогатат празничната трпеза.-велат од „Пастрмка 2012“.

Концесионерот на Охридското Езеро најавува дека и во иднина за големите православни празници на пазарот ќе понуди свежа и квалитетна риба по намалени цени.

OhridNews