Шестмина од вкупно згрижените повредени во скопската градска болница „8-ми септември“ денес ќе бидат пуштени на домашно лекување. Шестмина се наоѓаат во одделот за интензивна нега, а кај двајца од нив ноќеска е извршена хируршка интервенција, информира денес министерот за здравство, Венко Филипче.

  • Тие се со стабилни витални параметри, а двајца други пациенти се на респираторна машина и кај нив состојбата е критична. Во клиничкиот центар се лекуваат вкупно 8 пациенти, меѓу кои и трудницата која е во добра општа состојба. Други четири повредени се сместени во КАРИЛ и се во навистина тешка состојба. Во моментов конзилиум одлучува околу тоа дали да се врши хируршки зафат кај млада пациентка од 20 години, односно се одлучува дали да се ампутира ногата која е во тешка состоја и е згмечена, информира министерот.

Двајцата пациенти се на респираторна машина, имаат повреди на глава, но не бараат хируршка интервенција.

  • Ноќеска двајца од пациентите, 15-годишно момче и 40-годишен пациент, заради влошување на состојбата и губење крв се оперирани, рече Филипче.

Тој потенцира дека состојбата кај сите пациенти будно се следи.

OhridNews