Координативно тело за организација на празникот Богојавление Водици ја прифаќа иницијативата на рекреативните риболовци од ЗРРСК „Св. Апостол Петар“, рибната чорба за одбележувањето на Денот на рибарите, наместо од морска риба, што беше предмет нај критика od здружението, да се прави од риба од Охридското Езеро која тие ќе ја изловат. Додаваат дека ставовите на претседателот на ЗРРСК „Св. Апостол Петар“ се контроверзни и имаат за цел да ја намалат вредноста на празникот, затоа што, како што се наведува во соопштението, здружението не добило средства или простор во одбележувањето на Денот на рибарите.
„Но, како и да е, јавно го прифаќаме нивниот предлог, за наредната година да обезбедат доволно риба од езерото ( без разлика дали ќе ја ловат со јадица како што кажуваат или поинаку) од која ќе може да се направи рибната чорба. Отворени сме за сите полезни иницијативи и предлози кои ќе ја унапредат организацијата на настанот.“ – се вели во писметаната реакција на Координативно тело за организација на празникот Богојавление Водици.
OhridNews
Димитриески: Охридско Езеро има 23 видови на риба и од нив 21 не се забранети за лов во овој период
Реакција: Не се прави чорба од пастрмка оти е забрана
ЗРРСК „Св. Апостол Петар“: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба!?