Континенталното првенство во Јужна и Северна Америка ќе продолжи без „кариоките“ откако претрпеа пораз од Перу (1-0) во одлучувачкиот меч во групата.


Единствениот погодок кој се покажа пресуден на натпреварот Перу го постигна преку Раул Рудиаз во 75-та минута после очигледно играње со рака.


Негодувањата на бразилските репрезентативци не вродија со плод, судијата го призна погодок, а потоа „кариоките“ не успеаја да се вратат во игра што значеше елиминација.


Перу во нокаут фазата од Копа Америка патува со селекцијата на Еквадор која со 4-0 победа над Хаити го завери второто место во групата.

OhridNews