Селекцијата на Бразил со сигурна победа од 3-0 во Сао Паоло против репрезентацијата на Боливија ги отвори натпреварите во Копа Америка.

„Кариоките“ отпорот на противниците го скршија после пет минути игра во второто полувреме, откако во првиот дел не пронајдоа начин да ја затресат мрежата. Фудбалерот на Барселона Кутињо од белата точка погоди за почетно водство и драстично менување на работите. Кутињо три минути подоцна со вториот погодок на мечот ја дуплираше предноста. Во финишот Евертон Соареш стрелаше прецизно за 3-0 и сигурен старт на бразилците во фазата по групи.

Првата рунда во групата А ќе се комплетира со мечот помеѓу селекциите на Венецуела и Перу. Натпреварот се игра денеска во 21 часот.

OhridNews