Дански Копенхаген е следен противник на македонскиот првак, Вардар во третата рунда од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Шампиони.

Копенхаген во второто коло од квалификациите успешно ја мина екипата на Жилина од Словачка со вкупен резултат (4-3). Данците на гостинските терен триумфираа со 3-1, а на домашен изненадувачки претрпеа пораз 2-1.

Првиот натпревар од третата во квалификациите се игра на 25 јули, а домаќин ќе биде составот на Копенхаген. Реваншот е закажан за 2 август.

OhridNews