Екипата на Кораб и наредната година ќе настапува во Втората МФЛ. Тимот од Дебар кој лани испадна од второлигашкото друштво се фузираше со новиот второлигаш прилепски Корзо.

Ваквата информација се очекува да биде потврдена деновиве. “Соколите“ во првите 6 месеци ќе играат под името на Корзо, а на полусезоната ќе го вратат “старото“ име.

Корзо (Кораб) во првата рунда од новиот шампинот ќе игра против Миравци.

М.П.