Во Македонија задутре ќе пристигне и екипа на холандска национална телевизија, која ќе сними репортажи за Охрид и Струга, a ќе ги посети и хотелите каде е предвидено да бидат сместени холандските турист каде ќе снима рекламен материјал за „Корендон“.
Првиот чартер авион со 189 патници од Амстердам ќе пристигне на 6-ти мај. До октомври секоја недела на аеродромот Св. Апостол Павле ќе доаѓаат по околу 500 туристи од Холандија, кои покрај Охрид ќе имаат можност да ги посетат уште и Кавадарци, Неготино, Струмица, Штип, Скопје и Вевчани. Се очекуваа оваа година „Корендон Интернешнл“ во Македонија да реализира 10480 аранжмани.