Десетина хотели од охридско струшката ривиера деновиве потпишаа договор за закуп на своите капацитетит со тур-операторот Корендон за 2014 година.

-Договорот предвидува три чартер лета неделно од Амстердам за Охрид и закуп на 500 хотелски соби вреден 2 милиони евра.-изјави на прес конференција Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Од официјалниот претставник на Корендон во Македонија, агенцијата Фибула, изразија очекување дека 2014 година ќе биде поуспешна во однос на оваа година и дека бројот на туристи од Холандија и Белгија кон кои е насочена понудата на Охрид, ќе биде поголем.

Претставници на Хотелската асоцијација деновиве престојуваа во Турција, каде беа потпишани новите договори за соработка со Корендон, кој, како што истакнаа охридските хотелиери, претставува високопрофесионален тур-опеаратор со исклучителна понуда.

-Се работи за сериозна компанија и ни претставува задоволство што хотелиерите од охридско струшкиот регион се дел од светската мрежа на туристички производи, истакна Тоше Чочороски од х. Силекс.


Договори за закуп на капацитети за 2014 година со тур-операторот Корендон потпишаа хотелите: Детарет, Метропол, Турист, Силекс, Инекс Горица, Дипломат, Дончо, Дрим, Београд и Макпетрол.

OhridNews