– Се известува месното население на село Лескоец од улицата Тоде Лупески дека до 31 Мај завршуваат активностите за преприклучување од старата на новата водоводна линија на овој потег. По 31 Мај 2012 год. ќе се изврши прекин на старата водоводна линија и сите оние корисници што не се приклучени на новата водоводна линија ќе имаат прекин во водоснабдувањето, нагласуваат од Р.Е. Водовод.