83 корисници на народната кујна која функционира во рамките на Државниот студентски дом „Никола Карев“, во текот на вчерашниот ден имаа можност да вкусат од рибната чорба која се подготвуваше во рамките на манифестацијата Денот на рибарите.

Во соработка со Црвениот крст Охрид, традиционално и оваа година одредена количина од чорбата која се приготвуваше на градскиот плоштад, беше донирана во студентскиот дом, а неменета за ранливата категорија на граѓани која се храни во народната кујна која функционира во рамките на оваа институција.“ – вели директорот на Државниот студентски дом „Никола Карев“, Марјан Ристески.

Инаку, оваа година  во рамките на активностите за одбележување на Денот на рибарите, учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ подготвија 2000 литри рибина чорба која се вареше во голем казан поставен на малиот плоштад, во близина на градското пристаниште.

O.T.