Корисниците на социјална парична помош, заклучно 2- ри декември годинава, имаат обврска да извршат обнова на документацијата. Имено, согласно Законот за социјална заштита, еднаш годишно корисниците на правото на социјална парична помош се должни да ја обноват потребната документација, со цел да се проверат евентуално настанатите промени во материјалната и семејната сосотојба на секое одделно домаќинство, а кои би се одразиле врз остварување на правото.

Министерството за труд и социјална политика, преку надлежните центри за социјална работа,  годишната обнова за корисниците на правото на социјална парична помош ќе ја спроведе во периодот од 17.10.2011 до 02.12.2011 година.

,,Ги повикуваме сите постојни корисници на правото на социјална парична помош да се пријават во Центрите за социјална работа според местото на нивното живеење и да ја достават потребната документација пропишана во Законот за социјална заштита и подзаконскиот акт.  Корисниците на правото на социјална парична помош за себе и за членовите на нивните домаќинства должни се лично да ја извадат комплетната документација од надлежните институции, рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

OhridNews