Деновиве голем број корисници на услугите на мобилниот оператор „One“ во охридскиот, струшкиот и битолскиот регион, реагираат дека имаат проблеми при воспоставувањето на телефонски повик со корисниците од другите мобилни оператори, а невообичаено претплатниците се недостапни во поголемиот дел од денот.

Едни велат дека иако квалитет за време не телефонските разговори е добар, сепак повиците се воспоставуваат после повеќе обиди, додека интернетот воопшто не функционира.

Повиците се воспоставуваат дури после 4-5 вртења, а кога некој ме бара, прво добивам СМС порака за тоа дека сум имал пропуштен повик. За време на разговор, квалитет е вообичаено добар. При праќање на СМС, сум немал проблеми, а интернетот на места каде што претходно зрачело со 3Г, сега има ГПРС или ЕДГЕ конекција, која не отвора ништо.“ – вели Тони Б.

Со слични проблеми се соочуваат и стружани, а дел од нив реагираат дека поради овој недостаток не можат соодветно да ги извршуваат своите работни обврски.

Повеќе од две недели мрежата е за никаде. Голем дел од работата ми е поврзана со мобилен и не можам на време да ја обавувам работата, ниту пак другите можат да ме добијат на линија. После извесно време, добивам порака дека некој ме барал на линија. Семејството ми брои 30-тина члена, плус 10-тина вработени кои сме на мрежата Оне. И сите го имаме истиот проблем.“ – вели стружанецот Амер Демиши.

Тој истакнува дека побарана е помош од словенечкиот мобилен оператор, но конкретен одговор од нив се уште не добил. Демиши бара да се покрене иницијатива за подобрување на квалитетот на мрежата.

Барав помош од нив, но не ми дадоа конкретен одговор. Ги одбегнуваат прашањата поврзани со нивната мрежа. Се надевам дека што поскоро проблемоте ќе биде решен, инаку ќе мора да се преземе нешто конкретно, односно да пријавиме до АЕК. Се надевам дека и вие ќе покренете некаква иницијатива за подобрување на квалитетот на мрежата.“ – додава Демиши.

Охриѓани велат дека во екот на туристичката сезона, ваков проблем е недозволив за едно туристичко место, со оглед на тоа што голем број лица се корисници на услугите на овој мобилен оператор.

Сите гости кои доаѓаат тука, а се претплатници на услугите на овој мобилен оператор, овие денови се недостапни. Не може да се воспостави повик, а официјално соопштение во медиумите не е пренесно.“ – велат охриѓани.

На официјалната Оне фејсбук страна, објаснуваат дека во битолскиот и охрдидскиот реиогн во тек се интервенции со прекофигурирање на фреквенциите со кои ќе се подобри квалитетот на мрежата.

Во периодот на интервенциите може да се соочите со вакви проблеми во моментите кога телефонот ви менува од 2Г на 3Г мрежа. Селектирајте GSM или 2G only, а менувајте на 3G по потреба за интернет.“ – стои во одговорите дадени од One фејсбук страната до клиентите кои се жалат за овие проблеми.

О.Т.