Корисниците на мобилниот оператор ВИП во Охрид деновиве имаат проблеми со сигналот.

Голем дел од нив се обратиле до центарот за информации на ВИП, од каде биле информирани дека проблемот се должи на  технички зафати на мрежата. Оттаму уште додаваат дека на мрежата ќе се работи и во текот на денешниот ден поради што се можни повремени прекини во сообраќајот во овој регион.

OhridNews