Во Струга денес завршува Новогодишниот базар на ракотворби во организација на Дневниот центар „Порака нова“.

 – Изложените ракотворби, гипсени предмети и накит ги изработија корисниците на Дневниот центар. Тие со голема љубов и креативност ги создаваа ракотворбите кои деновиве, посетителите на базарот имаа можност да ги купат, велат од Порака нова.

Акцијата е организирана во соработка со волонтерите од Црвениот крст од Струга, а собраните средства ќе бидат искористени за организирање на традиционалната новогодишна забава за членовите на Дневниот центар „Порака нова“ од Струга.

OhridNews