COVID-19 е нов вирус за луѓето кој примарно ги напаѓа белите дробови и респираторниот систем. Основните симптоми вклучуваат треска, кашлица, краток здив и доколку инфекцијата се прошири, болка во градниот кош, пневмонија и потешкотии во дишењето. Медицинските експерти во светот се во трка да дознаат нови информации, но, листата на симптоми се проширува.

Нова студија објавена во „The American Journal of Gastroenterology “ покажува дека некои луѓе кои заразени со коронавирусот почувствувале дигестивни проблеми како дијареа како прв знак на вирусот. Студијата била направена врз основа на податоци од 204 пациенти со COVID-19 од кинеската провинција Хубеи. Истражувачите откриле дека 48.5% од тие пациенти пристигнале во болницата со дигестивни симптоми како дијареа, повраќање или болка во абдоменот. Студијата покажува дека дигестивните симптоми можат да се појават пред респираторните симптоми на COVID-19. Оние со дигестивни симптоми кои биле дел од студијата имале поинтензивен развој на болеста.

Јапонски лек влева надеж

Врз основа на резултатите од клиничките тестови спроведени на заразени пациенти во Вухан и Шенцен, од страна на кинеските власти, јапонскиот лек за грип favipiravir (исто така познат како Avigan) се покажал како ефективен во намалувањето на времетраењето на COVID-19, како и во подобрувањето на состојбата на белите дробови на пациентите кои го примале овој лек, пренесува „The Guardian“. Тестовите покажале намалување на периодот во кој пациентите биле тестирани позитивни на коронавирусот од 11 дена на само 4. Кај 91% од пациентите кои се лекувале со лекот favipiravir имало подобрување на состојбата на белите дробови.

Од друга страна, пак, јапонското министерство за здравство информира дека нивните тестирања покажале оти лекот не е ефикасен во третирањето на пациентите со потешки симптоми, кога вирусот е многу проширен.

Топлина и влажност значително го намалуваат ширењеро на COVID 19

Според податоците од истражувањата, висока температура и голема влажност на воздухот значително го намалуваат пренесувањето на COVID-19. Зголемување на температурата за само еден степен Целзиусов и зголемување на влажноста на воздухот за само 1%, значително го намалуваат пренесувањето на вирусот, покажале научните истражувања.

Светот е во трка со времето за пронаоѓање лек и вакција против коронавирусот COVID 19 кој предизвика пандемија од која се заразени над 230.000 луѓе. Најголемо жариште е Европа каде бројот на заразени и починати драматично расте од ден на ден.

OhridNews