Вирусот Ковид -19 го диктира темпото на живот речиси во целиот свет. Сите земји имаат преземено посебни мерки се со цел за заштита коронавирусот. Информациите од светот на спортот се поделени на добри и лоши.

Доктор се самоуби во Франција

Клупскиот лекар во екипата на Ремс, Бернан Гонзалес се самоубил кога дознал дека е заразен со коронавирусот. Од клубот се шокирани од самоубиството бидејќи се работело за добар и семее човек кој бил посветен на работата која ја извршувал повеќе од 20 години.

Рушту Речбер се излечи од опасниот вирус

После голема борба со коронавирусот, Рушту Речбер во стабилан здравствена состојба ја напуштил болницата во Истанмбул. Речбер се соочи со битка за живот. Неколку дена помина на респираторна машина откако неговата состојба нагло се влоши. Речбер на самото излегување од болницата рекол дека ќе престане да пуши цигари и да води здрав живот, како некогаш.

Во вчерашаниот ден како последици од коронавирусот почина мајката на Пеп Гвардиола. Долорс Сала Карио почина на 82 годишна возраст во Барселона.

OhridNews