Борбата со пандемијата на коронавирусот одбележува нов ден во светот вклучувајќи и го спортот. Од спортските информации од светот за издвојување се физичките активности на италијанска новинарка Дилета Леота, кревањето на гласот на УЕФА за прекинување на првенствата и финансиската дониција на Нејмар.

Атрактивната Дилета Леота вежба на балкан во минијатурно бикини

Каде и да се појави или било што да направи, Дилета Леота привлекува големо внимание од светската јавност. Леота карантинот го поминува во Милано заедно со момчето Даниеле Скардина кој е боксер. Двајцата формата ја одржуваат со вежбање на балкон, а Леота тренинзите ги помина во минајатурно бикини.

УЕФА против прекинување на првенствата

Откако Белгија пресече и го прекина првенството, УЕФА експресно реагираше и се закани со санкции ако другите земји го следи примерот на белгиската фудбалска федерација. За прекин на првенства се мислат Холандија и Шкотска. Во најскоро време двете федерации ќе донесат одлука и ќе соопштат во јавноста без разлика дали е по вкусот на УЕФА. Европската куќа на фудбалот посакува фудбал по секоја цена, иако сега на никој не му дојдено да размислува, а камо ли да игра фудбал.

Нејмар донираше финансиски средства

Бразилската супер ѕвезда Нејмар донираше 750 000 евра во фондацијата за борба против коронавирусот. Со ваквиот потег Нејмар се приклучи на голем број фудбалери кои помогнаа во тешките минува низ кои поминува целиот свет.

OhridNews