Пандемијата со коронавирусот е топ тема во светските медиуми. Речиси сите вести се поврзани со вирусот, кој го отежна нормалниот живот и го парализираше спортот на неодредено време.

Фудбалерот на Интер Диего Годин лут и револтиран на италијаните

Уругвајскиот репрезентативец Диего Годин јавно ја искажа револтираноста кон челниците на италијанскиот фудбал, кои, според дефанзивецот на Интер тактизирале до последен момент со играњето на натпревари.

  • Не уверуваа дека се е во ред и оти ќе помине. Требаше јажето да дојде до пукање и тогаш да го прекинат првенството. Изложени бевме на опасност, си поигравте со нашите животи. Сега докторите се борат за секој живот, нема доволно кревети и голем хаос владее во Италија. – изјави Годин.

Италија е најпогодена земја од коронавирусот во Европа. Во вчерашниот ден „сабота) починаа нови 889 лица, со што бројот на жртви од Ковид 19 се искачи на 10.023.

Фудбалерите на Јувентус прифатија намалување на платите

Преговорите на управата и фудбалерите во Јувентус, вродија со плод и двете страни најдоа заеднички јазик околу намалување на платите. На фудбалерите, скратени ќе им бидат примања за 20%, почнувајќи од март до јуни. Со ваквата мерка, Јувентус ќе заштеди околу 90 милиони евра и ќе може без проблем да ја дочека следната сезона во светот на фудбалот.

Легендарниот турски голман Рушту Речбер позитивен на коронавирусот

Поранешниот голман на Барселона, Бешикташ и Фенербахче Рушту Речбер е задржан во болница поради позитивниот тест на коронавирусот. Информацијата ја потврди сопругата на легендарниот голман која се обрати на социјалните мрежи. Таа потврди дека неговата состојба е стабилна, но мора да помине 14 денови во самоизолација, за да се излечи и се спречи ширење на коронавирусот.

OhridNews